Почитувани, Ве известува дека Германското друштво на физичарите (DPG) и оваа година ќе организира пред Божиќен натпревар (Physics in advent 2021) за ученици, нивни наставници и секако сите кои сакаат да решаваат експериментални задачи по физика. Од 1 декември до 24 декември оваа година DPG ќе обавува по една експериментална задача/проблем секој ден во 5.00 часот и прашањата поврзани со тој експеримент може да се одговорат на веб страната до 23.00 истиот ден. Проблемите објавени во сабота и недела се одговараат до понеделник до 23.00. Освоените поени од поднесеното решение ќе ви бидат соопштени следниот ден во 8.00. Значи секој ден од 1-ви до 24-ти декември ќе биде поставено видео клип од експеримент кој можете сами да го направите потоа. Потоа можете да одговорите на прашањата на веб-страницата и исто така да погледате видео од решението на прашањaта поставени од експериментот.. Тука е линкот од главната страна на натпреварот: Важните информации (упатства за одговор, џокери и сл), како и листата што треба да имате за да го направите експериментот сами доколку сакате за секој ден (на пример за 4от експеримент ви требаат 50 домина), е дадена тука: Кој може да учествува: 1. Поединци ученици ако се регистрираат со домашна адреса 2.Наставниците можат да се регистрираат и да учествуваат како поединци но може да учествуваат како администратори (предводници на тимовите и нивните училишта. Со регистрирање на паралелка и/или училиште, паралелката/училиштето автоматски учествува во наградната игра за класни и училишни награди. 3. Сите други заинтересирани се добредојдени да земат учество и да се пријават како возрасни. Во оваа група нема награди.ЗА ДА УЧЕСТВУВАТЕ потребно е да се регистрирате: Подолу ви препорачувам да изгледате видео од наставници кои учествувале минатите години со свои ученици и нивните искуства. На крај се надевам дека за многу ученици ќе биде интерено 24 дена да истражуваат и експериментираат и уште повеќе да ја засакаат физиката. Поздрав, м-р Стојан Манолев |
Новини >